Продолжува уривањето на дивите тераси на кафулињата на „Ленинова“

477

Oпштината Центар ја продолжува акцијата за уривање на незаконски поставените тераси на  кафулињата на улицата „Ленинова“ која ја започна вчера.

Како што информираат надлежните оваа акција ќе трае уште утре.

-Планирано е да се интервенира на 16 кафулиња. Се интервенира онаму да урбаната опрема е незаконски поставена, поточно каде сопствениците немаат одобрение за поставување на летна тераса, но и кај оние кои имаат одобрение, но зафаќаат повеќе површина од онаа која што им е дозволена-објаснуваат од Општината.

Од таму додаваат дека на дел од објектите интервенира овластен градежен инспектор на Општината Центар во соработка со СВР Скопје, а на дел интервенираат самите сопственици.

(А.П.)