Продолжува санирањето и уредувањето на кејот на Вардар

61

Екипите на јавното претпријатие „ Улици и патишта“ ги отстранија оштетените плочи од старите и нефункционални патеки на потегот од мостот „Мајка Тереза“ до „Железничкиот мост“,  во рамките на проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на река Вардар.

Како што информираат од претпријатието, на овој потег, постојните патеки се со должина од 750 метри и широчина од 3 метри и по завршувањето на овие градежни активности, екипите ќе реализираат активности целосна обнова и продолжување на постојните патеки.

-Паралелно се одвиваше и се уште е во тек чистењето по должината на коритото. Со тримери се косеше обраснатата нискостеблеста вегетација од косините на реката и рачно се чистеше, во насока од железниот мост во населба Хром до пешачкиот мост во населба Злокуќани од двете страни. Машински се чистеа и косините од коритото на реката Вардар од мостот во Хром до Систина, се косеше погуста вегетација, а се собираше и наталожен мил од коритото, гранки, корења и дрвја – наведуваат од ЈП „Улици и патишта“.

Досега екипите со машинското чистење имаат расчистено пола површина од потегот од мостот кај телевизијата Канал 5 кон болницата „Систина“.

Деновиве  се санирани и постојните елементи на кејот кои беа оштетени, како и оштетувањето на пешачката патека на насипот на Вардар каде што наместа имаше искршени  бекатон плочи, санирана е дел од површината на пешачката патека на мостот „Обединети Нации“, санирани се скалилата кај мостот „Обединети Нации“, како и оградата на мостот.Исто така, санирани се и скалилата спроти телевизијата Канал 5, заштитната ограда на мостот на улица „Васил Чакаларов“, оградата на трибината на одбојкарското игралиште, како и просторот за седење на трибините на кејот на река Вардар.

Паралелно со екипите на ЈП „Улици и патишта“, интензивно работат и екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“, во координација со Град Скопје,

Градот Скопје и екипите на јавните претпријатија и во наредните денови ќе ги продолжат работните активности за активностите за рачно и машинско чистење и уредување на кејот на река Вардар за да можат граѓаните да користа за рекреација и прошетки.