Кошаркарот на Голден стејт, Кевин Дурант нема да може да му помогне на тимот и на третиот и четвртиот натпревар од финалната серија во плејофот на Западната конференција против Портланд.

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата се уште се рехабилитира од повредата добиена на петтиот натпревар против Хјустон.

Во досегашните настапи во плејофот, Дурант во просек постигнуваше 39,4 поени, 5,2 скока и пет асистенции.

По два натпревара со Портланд, актуелниот НБА шампион води со 2-0 во серијата прв до четири победи.