Продолжува реконструкцијата на пешачката патека на улица „Љубљанска“

24

Во тек е реконструкцијата на пешачката патека на улицата „Љубљанска“. Екипите на ЈП Улици и патишта деновиве го асфалтираа потегот од улицата „Волгоградска“ кон улицата „Разловечко востание“, на површина од 550 квадратни метри.

Град Скопје соопшти дека пешачката патека се реконструира на вкупна површина од 2.300 квадратни метри, во насока од булевар „Партизански одреди“ до булеварот „Илинден“, а досега се реконструирани и асфалтирани околу 1.000 квадратни метри. Во наредниот период, градежните активности продолжуваат на потегот од улицата „Разловечко востание“ до булевар „Илинден“.

Со обновувањето на пешачката патека ќе се олесни движењето на пешаците на овој потег и и ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот во овој дел на градот, посочуваа од Општина Карпош