Продолжува растот на еврото во однос на доларот

44

Еврото е на добар пат да достигне двомесечен максимум, откако Европската комисија предложи пакет мерки за економско закрепнување од коронавирусот во вредност од вкупно 1,85 трилиони евра (2,04 трилиони долари), објави Reuters.

Единствената валута на еврозоната скокна во однос на доларот во еден момент на дури 1.1031, пред да се стабилизира на ниво од 1.1017 долари, што и понатаму е раст од 0,3 проценти.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на корпата на ривали, падна за 0,2 проценти на 98.811 поени.

Еврото беше под притисок од падот во март, кога инвеститорите побрзаа да инвестираат во безбеден долар. Меѓутоа, аналитичарите велат дека европскиот предлог за средства за закрепнување, би добил поддршка од членките на ЕУ кои беа здружени според претходниот француско-германски план, би можел да го турка еврото на уште повисоко ниво.

Ако Европската комисија го одобри новиот предлог, „тоа ќе го намали ризикот од економски пад на периферијата на Европа, особено во Италија, и би ги зголемил изгледите за балансирано закрепнување низ целиот континент“. Тоа би било позитивно за еврото“, изјави Маршал Гитлер, инвестициски аналитичар во BDSwiss групацијата.