Продолжува потрагата по Периш: Полицијата во теренска обиколка на Голем Воен остров

1327

Министерството за внатрешни работи на Србија денеска соопшти дека продолжува интензивната потрага по државјанин на Хрватска, Матеј Периш, чие исчезнување беше пријавено на 31 декември.

Припадници на Полициската бригада, Полициската канцеларија за безбедност на реките и Управата за криминалистичка полиција, Управата на полицијата на град Белград изврши теренски претрес на Голем Воен остров во последните 48 часа паралелно со хотелот „Југославија“ до „ Галијска Бара“, се додава во соопштението.

Заедно со припадниците на Полициската управа за град Белград, во потрагата се вклучени и припадници на Жандармеријата, како и на полициските управи на Панчево, Смедерево и Пожаревац.

Преку Интерпол биле информирани и полициите на околните земји, се додава во соопштението.