Изминативе две фестивалски вечери на 17. издание на „Пивофест“, според информациите добиени од Полициската станица од нашиот град, поминаа без ниту еден инцидент и во пријатна атмосфера, истакна градоначалникот Илија Јованоски на денешната средба со новинарите.

– Задоволни сме што синоќа имавме голем број на гости кои ги проследија изведбите на Миле Кузманоски, Ален Хасановиќ, составот „Кантурови„ и балканската мега ѕвезда Светлана Ражнатовиќ. Добро надополнување и оваа вечер  беа алтернативните содржини како и настапите на камената бина. Сите оние кои сакаа да ја расипат вчерашната журка не успеаа, благодарение на брзата интервенција на екипите на МВР, сето тоа помина незабележително, без паника и проблеми. Сакам да апелирам дека сето оваа се одразува на имиџот на нашиот град и е на голема штета на прилепчани. Да напоменам дека во овие две вечари во Полициската станица немало пријавено ниту еден инцидент, истакна Јованоски.

Голем интерес за двете вечери побудија и алтернативните простори кои содржински го надополнија овој фестивал за задоволување на сите вкусови.

За забавата и оваа вечер да помине во пријатна атмосфер, на главната бина на „Пивофест 2019“, свои настапи ќе имаат The Hounds, Влатко Стефаноски Трио, групата Фрајле и Нокаут.