EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, е казнет за десет позиции пред трката за Големата награда на Саудиска Арабија. Ферари ги замени електронските компоненти на болидот на Леклер првпат пред Големата награда на Бахреин, а вторпат пред неделната трка во Џеда. Според прописите, дозволена е само една промена на компоненти во текот на сезоната.

Актуелниот вицешампион во Формула 1 предвреме ја заврши првата трка сезонава, која се одржа во Бахреин на 5 март, поради дефект на болидот. Втората трка сезонава се вози во Саудиска Арабија во недела од 18 часот.