Продолжува изградбата на кејот од десната страна на Вардар во Велес

119

Се очекува да падне нивото на реката Вардар во Велес и за петнаесетина дена ќе продолжи изградбата не кејот од десната страна, која веќе три ипол месеци е прекината, информира за МИА, проектниот координатор Денис Жерновски.

Кејот е анализиран во рамки на проектот „Креативни можности во туризмот – CouNT“, финансиран од Европската Унија и од националните фондови на земјите учеснички преку Интерег ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Р.С Македонија и Општина Велес кој денеска беше претставен во Велес, а во негова реализација учествуваа учесници од општината и од Лерин односно градот Флорина од Грција вкллучени во овој проект.

Жерновски појасни дека се  изградбата на кејот на реката Вардар ќе  почне за околу две недели,а се очекува  да заврши до средината на август годинава.

Како што информира  Жерновски во во рамки на проектот кој за Општина Велес е во висина од 438,452 евра најголем дел од средствата  ќе бидат наменети за изградба на  кеј на реката Вардар од десната страна во должина од околу 200 метри, на потегот од мостот „Гемиџии“ до „Мало мовче“. Проектот опфаќа поставување и на два киосци на кејот за продажба на сувенири и други производи од традиционалните велешки занаети.

Воедно во тие рамки ќе се организира и дводневен тренинг за 22 учесници на тема туризам и занаетчиство, како и изработка на промотивен филм во којшто ќе бидат презентрани резултатите од проектот, како и неколку работни средби на двата партнери во проектот.

-Изградбата на кејот освен добробит за велешани ќе се овозможи и привлекување на туристи во градот, а  со поставувување на киосците ќе им се овозможи на занаетчиите кои произведуваат и сувенири и други производи карактеристични за овој велешки регион да имаат место каде што истите и ќе продаваат за да бидат подостапни до туристите,кои го посетуваат велес, појасни Жерновски.

Проектот се реализира од страна на Општина Велес и Развојна агенција Флорина. Вкупната сума на проектот изнесува 655.732 евра од кои 438.452 евра за Општина Велес и 217.280 евра за Развојна агенција Флорина.

Жерновски информира дека во градот Лерин сега Флорина ќе се направи Хаб центар за обучување на компании кои работат во областа на туризмот.Центарот ќе биде опремен со ИТ опрема и канцелариска опрема и софтвер.Воедно во тие рамки ќе имаат и обука на нивните претприемачи во секторот туризам и подготовка на рекламен материјал и менторирање на неколку фирми.

Во средината на декември изградбата на кејот на реката Вардар во Велес беше стопирана поради што службите на Општина Велес скоро три месеци се измачија да ја докажат уредната докуменатција што ја поседуваа за изградба на овој значаен проект кој се финансира со средства од ЕУ.