Продолжува изградбата на булеварот АСНОМ

119

Градежните работи за проширување на булеварот АСНОМ, на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ се во тек.

– Екипите на Град Скопје изминатиов период целосно ја асфалтираа десната страна од проширениот булевар, а набрзо ќе почне да се асфалтира левата страна.  Должината на трасата во првата фаза изнесува 845 метри, новиот булевар добива по 3 коловозни ленти во двете насоки, средишно зеленило, пешачки и велосипедски патеки – информираа од Град Скопје.

Ова е првата од трите фази за изградба на овој булевар, а во наредните фази ќе биде изграден мост на реката Вардар и проширениот булевар ќе се поврзе со булеварот „Гоце Делчев“. Со целосната реализација на овој капитален проект ќе се добие брзо, безбедно и модерно сообраќајно поврзување на општините Аеродром, Центар и Гази Баба.