Продолжува дезинфекцијата на станбените згради во Центар

157

Со цел зголемување на безбедноста и почитување на превентивните мерки за заштита од КОВИД 19, Општина Центар и денеска продолжува со вонредните акции за дезинфекција на станбените згради.

Комуналните служби на Општина Центар се на терен и ја дезинфицираат надворешноста, внатрешноста на влезовите, подовите, лифтовите и сите површини кои се во допир со станарите.

Како дополнителна мерка е поставувањето на држачите за гелови за хигиенска дезинфекција на раце во сите станбени влезови во Центар.