Продолжуваат протестите во Мјанмар, убиен една жена

37

Полицијата и денеска интервенираше против демонстрантите на улиците на многу градови во Мјанмар, а една жена е убиена во градот Монваја.

Претходно, претставникот на ООН во таа земја ја повика Светската организација да ги примени „сите потребни средства“ и да ја запре воената хунта која го изврши превратот на 1 февруари.

Во исто време, се повеќе се зголемува неизвесноста за судбината на премиерката Аунг Сан Су Ќи, која беше уапсена и која, според извештаите на медиумите, прво беше задржана во домашен притвор, а потоа, минатата недела, пренесена на непозната локација.

Извештаите наведуваат дека за време на денешните протести биле уапсени неколку новинари, како и дека полицијата пукала од огнено оружје во воздухот, користела водени топови и солзавец против демонстрантите.

Лидерот на хунтата, генерал Мин Аунг Хлаинг изјави дека властите користат минимална сила за да ги растурат демонстрациите, иако досега се убиени најмалку три лица.