Продолжен рокот на конкурсот за избор на решенија за прототип на сувенири за Старата скопска чаршија

59

Во услови на забрана и посебен режим на движење на територијата на целата држава, како една од мерките во борбата со корона висрусот, од Градот известуваат дека е променет рокот за предавање на конкурсните трудови за изборот на идејно-обликовни решенија за изработка на прототип на сувенири за Старата скопска чаршија – „Нови сувенири за Старата скопска чаршија“ .

Новиот рок за предавање на конкурсните трудови е поместен за 15.05.2020 година, наместо претходно објавениот 10.4.2020 година.