Кошаркарот на Орландо, Еван Фурние, смета дека оваа сезона во НБА лигата нема да го дочека својот крај. Пред еден месец најсилната кошаркарска лига беше суспендирана поради коронавирусот, односно откако излезе првиот позитивен тест на кошаркарот на Јута, Руди Гобер.

  • Не знам за вас, ама јас се помалку и помалку верувам во продолжение на сезоната. Тука само што започна заразата со коронавирусот. Продолжение во јули? Тоа се четири месеци. Ќе ни биде потребен еден месец за физички да закрепнеме, во спротивно може да биде масакр со повреди. Плус, дали директно ќе одиме во плејоф?-твитна францускиот репрезентативец.