Продадени топланите Исток и Запад за 9,3 милиони евра

1268

Се продадоа топланите „Исток“ и „Запад“ за 9,3 милиони евра на јавна лицитација, како и поголемиот дел од имотот на „Топлификација“ АД, која е во стечај. Нив ги купи „Адора инженеринг“ со што завршува стечајната постапка во ова претпријатие, долгогодишен загубар.

„Топлификација“ АД неколку години се тужеше со гасната централа “Те-То“ заради повеќемилионско побарување и го обвинуваше за лажен стечај.