Продавница забрани модерни божиќни хитови во корист на здравјето на вработените

113

Британската продавница „ The Yorn Gin“ одлучикла да забрани пуштање во етерот на модерни божиќни хитови бо текот на работното време за доброто на своите вработени.

Управителката на продавницата Ема Годивала појаснила дека смета дека модерните божиќни хитови би можеле да им ги уништат празниците на вработените бидејќи би биле принудени да ги слушаат секојдневно и по осум часа во текот на работното време.

Таа додала дека верува дека и купувачите со радост ќе ја поздрават промената, особено поради тоа што повеќето трговци во продавниците почнаа да ги пуштаат вообичаените божиќни хитови. Вели дека и се чини дека таквите модерни хитови во никој случај не се во согласност со продавницата сместена во зграда од 16 век од периодот на Тудорите.

„Несомнено, Божиќ ни е драг на сите, ама немаме намера да пуштаме модерни божиќни хитови во овој простор. Малку експериментиравме. Пробавме разни музички жанрови и сфативме дека ни одговара сето она што е снимено до шеесеттите години на 20. Век. Значи, сѐ останато е забрането. А персоналот е многу среќен поради таквата одлука. Тие кажаа дека нивните колеги од останатите продавници веќе „полуделе“ поради истите божиќни хитови кои се вртат без престан“, појаснила шефицата.

„Но, исклучок би бил кога во нашата продавница би се појавила, на пример, Мараја Кери. Тогаш би направиле исклучок, би ја заобиколиле забраната и би ја пуштиле накратко All I Want for Christmas is You. Ама тоа не значи дека во продавницата ќе недостига божиќна атмосфера. Ќе пуштаме божиќни класици во изведба на Бинг Крозби, Френк Синатра и Ела Фицџералд“, изјави Годивала заклучувајќи дека во секој случај списокот на песни е доволно долг за никој да не ја слушне истата божиќна песна почесто од два пати неделно.