Стрелецот на злато вредниот погодок со кој Германија го освои Светското првенство во Бразил, Марио Геце, летово го напушти ПСВ и потпиша тригодишен договор со Ајнтрахт од Франкфурт, актуелниот освојувач на Лига Европа.

Иако никогаш не играл во португалската лига, 30-годишниот германски играч за врска му направил проблеми на претседателот на Порто, Пинто да Коста.

Да Коста во интервју за ТВ-каналот на Порто призна дека се плашел дека Бенфика, големиот ривал на Порто, ќе го донесе Геце ова лето, но офанзивниот играч сепак се одлучи на Ајнтрахт.

  • Бев многу загрижен, земав дури и лекови за смирување, изјави Да Коста. Бенфика многу сакаше да го донесе Геце, но тој беше прескап за нив, тврдеше тогаш португалски „Рекорд“.
  • Кога се зборуваше за Геце, голтнав кутија со апчиња за да се смирам. Престанав да пијам кога беше јасно дека не доаѓа. Сега воопшто не се грижам, откри Да Коста.

Инаку, Геце настапуваше за Борусија од Дортмунд, па премина во Баерн од Минхен, тим со кој освои се во кариерата. Потоа се врати во Дортмунд, но беше далеку од посакуваната форма, па беше продаден во ПСВ. Сега повторно се враќа во Бундес лигата, во редовите на Ајнтрахт.

Тој беше стрелец на единствениот гол во финалето на Светското првенство во 2014 година, кога Германија ја совлада Аргентина.