Даниел Кајмакоски – Сакав само да ги покажам моите лакирани нокти!

536

“Ме напаѓаат и обвинуваат дека сум ја навредил Србија. Никогаш не би навредил ниедна држава, а камоли Србија, во која ја започнав кариерата и во која имав толку успеси, или пак мојата земја, Македонија!“

-Нашето шоу е од забавен карактер и не дозволуваме пропагирање на било какви политички симболи и пораки. Да сметавме дека тука станува збор за таков симбол веднаш ќе реагиравме, како што тоа го правевме порано, велат од продукцијата “Емоушн“ која стои зад популарното балканско тв шоу “Твоето лице звучи познато“. А, причината е таа што македонскиот пејач Даниел Кајмакоски со рацете го покажувал албанскиот двоглав орел. Со тоа Даниел се најде во епицентарот на голем скандал. Србите му се закануваат, Албанците му ракоплескаат. Тој самиот е разочаран и од едните и од другите, велејќи да не знаел дека со рацете го покажува албанскиот симбол.

-На фоторепортерите им ги покажував моите лакирани нокти, а една од позите ми беше и оваа која за жал, предизвика скандал. Немав поим што правам, дека тоа е тој албански знак. Во оваа професија навикнав дека слики, изјави и ситуации може да се извадат од контекст, и не сум ни прв, ни последен чија репутација е нападната на толку грозен начин, но ова е бескрајно безобразно и претерано извртување на вистината. Јас сум православен Македонец, па токму затоа никогаш не би го направил тоа намерно. Во шок сум поради сето тоа, вели разочарениот Кајмакоски.
Инаку, за потсетување, во 2018 година на Светското фудбалско првенство во Русија на исти начин, со ваков симбол славеа и фудбалерите на Швајцарија, Албанците, Гранит Џака и Џердан Шаќири на мечот против Србија, по што целата српска нација беше премногу бесна.  Д.М. /foto:FB-Instagram/