Проверен народен рецепт:Мед, лук и црн пипер за совладување на главоболките

126

Третманите со лук датираат од древниот Египет и античка Грција, додека медот е познат по своите антисептички својства. Со комбинирање на овие две намирници, со додавање на зрна црн пипер, ќе добиете моќен домашен лек кој нема да остави штетни ефекти врз вашето тело како лековите против болки. 

Потребно е:

  • 10 чешниња лук
  • 500 грама мед
  • неколку зрна црн пипер

Приготвување:

Излупете ги чешнињата лук, пресечете ги на половина и ставете ги во тегла, додадете ги црниот пипер и медот. Затворете ја теглата и оставете ја да стои пет дена.

Земете една кафена лажичка секој пат кога ќе почувствувате дека главата почнува да ве боли.

Овој домашен лек може да го земете и без независно од болката – на пример за зајакнување на имунитетот.

Во тој случај, земете една лажичка наутро и една навечер на празен стомак.

Исто така, ги неутрализира бактериите во телото, го стимулира и олеснува варењето на храната, ги регулира нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок.