Проблем со пазарот на труд во Австрија: ЌЕ НЕМА РАБОТНА СИЛА

270

Следната година, работоспособното население во Австрија ќе опадне за прв пат, што ќе донесе проблеми на пазарот на трудот. И покрај имиграцијата од странство, за економијата станува се потешко да најде соодветен кадар/

„Бејби бум“ генерацијата почна да се пензионира.

За прв пат од 1945 година, во Австрија ќе опадне бројот на луѓе на возраст од 15 до 64 години, односно на работоспособна возраст.

Во таа возрасна група моментално има околу 5,9 милиони. Следната година тој број ќе се намали за само 5.900, но тоа е пресврт на трендот, посочува Институтот за економски истражувања, пренесува Танјуг.

Во исто време, бројот на оние што имаат работа и оние што ја бараат се зголемува на околу 4,5 милиони луѓе, пред се поради зголемената стапка на вработеност на жените, но и реформата на пензискиот систем што ги тера мажите да работат подолго.

Потребата за дополнителна работна сила од странство е покриена преку имиграција многу години.

Пред пандемијата, околу 50.000 странци беа вработени во австриските компании секоја година. Сепак, пандемиската 2020 година го намали тој број за 22.000.

Институтот посочува дека ситуацијата на пазарот на трудот во 2024 година ќе се подобри, на одреден начин, со стапување во сила на реформата на пензискиот систем, според која се зголемува возрасната граница за пензионирање на жените.