Поголем дел од англиските медиуми ја пласираа и информацијата дека раководните лица на шпанскиот гигант Реал (М) и на Тотенхем седнале на преговарачката маса, а тема на дискусија била можната позајмица на велшкиот интернационалец Герет Бејл.
Лондонскиот премиерлигаш сака да ги осигури услугите на крилниот напаѓач но голем проблем преставува неговата неделна плата од 650.000 фунти. Поради таквата ситуација, Тотенхем сака Реал (М) да покрие најмалку 60% од платата на Бејл.