При патувањата со американскиот„Убер“: За две години дури 5.981 сексуален напад

105

Американската меѓународна компанија „Убер“, која преку мобилна апликација врши транспортни услуги, информираше дека во периодот од 2017 до 2018 година, при спроведувањето на зададените услуги се извршени 5.981 сексуален напад, има 19 случаи на убиства, а 107 лица ги загубиле животите во сообраќајни несреќи, пренесува aгенцијата Анадолија.

Компанијата за првпат објави извештај за доживеаните безбедносни проблеми при транспортот на патниците во САД преку својата мобилна мрежа. Во извештајот што ги опфаќа 2017 и 2018 година се вели дека во текот на 2,3 милијарди патувања со возилата на „Убер“, во 2017 година имало 2.936 случаи на сексуални напади, а во 2018 година 3.045 сексуални напади. При сексуалните напади, во 2017 година имало 229 случаи на силувања, а во 2018 бројот на силувања изнесувал 235.

Во извештајот се наведува дека во 2017 година имало 10, а во 2018 година 9 убиства. Покрај тоа, во сообраќајните несреќи со овие возила во 2017 загинале 49 корисници на услугите, додека во 2018 година таа бројка изнесува 58.

Процентот на убиствата и смртноста во сообраќајните несреќи на возилата на „Убер“ во однос на оние во транспортот и моторните возила на национално ниво во САД, е многу помал, велат во компанијата, истакнувајќи дека минатата година во САД во смртоносни несреќи загинале 36.000 лица, вклучувајќи ги и несреќите со моторни возила. Во 2017 година во САД се регистрирани 20.000 убиства. Единицата „Transport For London“, одговорна за услугите во јавниот транспорт во Лондон, соопшти дека поради безбедносни проблеми нема да ја продолжи работната дозвола на „Убер“ што истече минатиот месец.

Во соопштението што го даде оваа институција се наведува дека во составот на компанијата „Убер“, за која во Лондон работат 45.000 возачи, редовно имало погрешни практики, а возачи кои немале работни дозволи ги поставувале своите фотографии на профилите на други возачи и управувале со возила, потенцирајќи дека на тој начин за кус период биле извршени 14.000 илегални возења.

Во соопштението се истакнува дека возачите чија работа била забранета од страна на ревизорските институции, преку „Убер“ отворале нови профили и повторно работеле, загрозувајќи ја на тој начин безбедноста на патниците