При крај сензорната соба во објект на градинката „Кочо Рацин“

46

Благодарение на грантот добиен од Швајцарската агенција за развој и соработка и UNDP, Општина Центар го реализира проектот „Зајакнување на капацитетите за социјална инклузија на детските градинки на Општина Центар“.

Со проектот се опремуваат три сензорни соби, во секоја детска градинка во општината по една соба.

Овие три сензорни соби се опремени по сите меѓународни стандарди за работа со деца со интелектуална попреченост и тешкотии во развојот. Се работи за современ концепт кој вклучува низа активности потребни за развојот на оваа категорија на деца. Како што информираат од Општина Центар, денеска градоначалникот Саша Богдановиќ, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, објект на градинката „Кочо Рацин“, со почитување на сите препораки од надлежните институции, го посетија матичниот објект на градинката „Кочо Рацин“, каде што привршува изведбата на сензорната соба за престој на деца со интелектуална попреченост и тешкотии на развојот.

– Благодарение на грантот го реализираме овој проект кој беше дел од предлог-проектите произлезени од општинските граѓански форуми кои Општина Центар, Швајцарската агенција за развој и соработка и UNDP ги реализираа во 2020 година и беше изгласан како приоритетен – изјави при посетата Богдановиќ

Како што истакна министерката Шахпатска, предучилишниот и раниот детски развој претставуваат приоритет број еден.

– Инклузивното предучилишно образование треба да им помага на нашите најмлади граѓани понатаму да се развиваат и влезат во процесот на образование. Сензорната соба претставува инструмент, алатка во рацете на стручните работници и вработени во градинките, кои преку претходна обука можат да одговорат на потребите на децата, кои преку сензорната соба ќе ги развиваат своите сензорни способности – потенцираше Шахпаска.

Во рамки на проектот реализирани се и обуки на стручниот и воспитниот кадар во градинките за работа со овие дечиња во сензорните соби, од страна на лиценцирани едукатори. Вкупниот буџет на проектот е 1.540.000 денари, од кои 1.400.000 денари се наменети за опрема на трите сензорни соби и 140.000 денари за обука на стручниот и воспитниот кадар.