При крај изградбата на ловниот дом на Голак

72

Привршуваат активностите за изградба на ловниот дом на планината Голак. Како што информираше Драган Христов, претседател на Ловното друштво „Острец“ од Делчево, паузата за време на ловостојот, делчевските ловџии ја користат за изградба на ловечката куќа, која е дел од обврската по ловностопанска основа.

– Ловностопанска основа е документ во кој е наведено конкретно она со што располага секое ловиште како на пример, граници, релјеф, клима, видови на дивеч, колку прихрана се врши во текот на зимскиот период и колку отстрел е дозволен во тековната сезона. Како една од тие обврски е и ловната куќа, чија изградба е при крај. Истата се наоѓа во непосредна близина на местото „Бун чешма“ на планината Голак. Ловната куќа е еден вид ловотехнички објект и ќе послужи за дружење помеѓу ловџиите од нашиот крај – истакна Христов.

Со изградбата на ловната куќа делчевските ловџии ќе имаат сопствено катче за пречек и на гостите ловџии од повеќе ловни друштва од државава, како и на групи од Србија, со кои друштвото има одлична соработка.