Дома СКОПСКА Пријава за паднато сомнително летало во близина на скопскиот аеродром, полицијата веднаш...

Пријава за паднато сомнително летало во близина на скопскиот аеродром, полицијата веднаш излезе на терен

97
Фото ТВ Телма

 

Од МВР појаснија дека постапиле по дојавата и излегле на самото место , но немало никакво летало.

Во меѓувреме се јавиле во Агенцијата за цивилна воздушна пловидба и во други релевантни институции, од каде исто така рекле дека немало никакво сомнително летало во атарот на Арачиново.

Според неофицијални информации очевидци виделе бело летало кое летале многу ниско и се сомневале дека подоцна паднало.