Кошаркарите на Денвер во неверојатен натпревар во кој губеа и со 19 поени на почетокот на третата четвртина, успеаја да слават и да се изборат за мајсторка против Лос Анџелес Клиперс, која ќе го одреди патникот во конференциското финале со Лејкерс.

Најзаслужен за оваа победа на „нагетси“ беше српскиот центар Никола Јокиќ, кој зад своето име запиша 34 поени, 14 скокови и седум асистенции.

  • Напорот што го вложивме беше неверојатен. Заостанувавме многу, еднаш тоа го имавме, како и против Јута. Не сакаме да бидеме во таа позиција, но се чини дека сме добри во такви ситуации. Се шегувам. Не знам, ние само сменивме во третата четвртина, беше неверојатно. Имавме напад, имавме одбрана. Целиот тим играше добро, истакна Јокиќ.

Српскиот центар исто така ги коментираше и одличните игри на неговите соиграчи Џамал Марија и Гери Херис.

  • Џамал е борец, тој никогаш нема да се предаде. Знаев дека нема да излезе од тој натпревар. За него никогаш не е крај, тој е неверојатно момче. Небото е граница за него. Што се однесува до Гери, играше одлично во одбраната, во соработка со Грант, објасни Јокиќ, па продолжи со очекувањата во седмиот натпревар:
  • Ова е четврти пат да бидеме во ваква ситуација. Минатата година одигравме двапати по седум натпревари. Притисокот не е врз нас. Мислам дека сега притисокот е на Клиперс. Наше е да излеземе и да се забавуваме. Напорот што ги вложивме мора да биде на високо ниво. Да се ​​забавуваме и да дадеме се од себе.