Притворениот Јанакиевски со бубрежна болка од „Шутка“ пренесен во ГОБ 8-септември

78

Со силна бубрежна болка Миле Јанакиевски од затворот во Шутка бил однесен во ГОБ 8ми септември пренесе „Сител“. Директорот на болницата за Сител потврди дека Јанакиевски околу 19 часот бил примен во Ургентниот центар со болка во бубрезите. Му направиле ехо преглед, лаботаториски анализи и снимање на рендген а бил прегледан и од уролог. Лекарите му дале терапија и останал во болницата до смирување на болката, по што затворската полиција го вратила назад во затворот во Шутка.