Пристигнати 31 барање за поставување урбана опрема 

47

Откако Општина Центар ги презема во своја надлежност ингеренциите за издавање одобренија за поставување на урбана опрема и вршење на дејност надвор од деловен простор, до неа се пристигнати 31 барање за поставување урбана опрема, постапено е по 29 од нив, а 13 од нив се веќе подигнати од правните субјекти.

– Програмата на Општина Центар за поставување на урбана опрема има за цел да постави нови стандарди во планирањето на урбаната опрема, уредувањето и хуманизацијата на јавниот простор – информира градоначалникот Саша Богдановиќ.

Дополнително, формирана е и Стручна комисија за изработка на извештаи од увид на лице место, која има за цел да врши проверки дали прикажаното во елаборатот соодветствува со условите на местото каде е поставена урбаната опрема.