Дома МАКЕДОНИЈА Приоритетите на хрватското претседателство со ЕУ пред Комисијата за европски прашања

Приоритетите на хрватското претседателство со ЕУ пред Комисијата за европски прашања

48

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за одбрана и безбедност, за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.

На Комисијата за европски прашања амбасадорката на Хрватска Нивес Тигањ ќе ги претстави Програмата и Приоритетите за работата на Хрватското претседателството со Советот на ЕУ, во периодот јануари-јуни 2020 година.

На дневен ред на Комисијата за одбрана се измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и измените на Законот за јавните собири, двата во второ читање.

Предлог-закон за урбанистичко планирање, во второ читање ќе го разгледува Комисијата за транспорт, врски и екологија