Принцот Чарлс од утринава е во самоизолација, повторно позитивен на коронавирус

34

Британскиот принц Чарлс повторно е позитивен на коронавирус и се наоѓа во самоизолација, соопшти кралската палата.

„Утринава принцот од Велс доби позитивен тест за коронавирус и сега е во самоизолација. Принцот е тажен што нема да може да присуствува на денешните настани во Винчестер“, напишаа претставници на Бакингемската палата на Твитер, пренесе „Скај Њуз“.

Ова е вторпат 73-годишниот престолонаследник на британската круна да е заразен со коронавирус.