Принцот Чарлс: „Му се провлеков лесно на Ковид-19“

81

Британскиот принц Чарлс (71), наследникот на тронот, изјави дека „лесно му се провлекол“ на вирусот КОВИД-19, од кој заболе на почетокот на епидемијата во март.

Тој, откако дозна дека е позитивен на коронавирусот, се повлече во самоизолација, а во текот на болеста имал само благи симптоми, изјави принцот за Скај Њуз.

„Имав среќа, но го имав тој вирус и целосно можам да сфатам низ што се поминуваат луѓето кои се заболени од него“, изјави британскиот принц и додаде дека сочувствува со оние кои загубиле некого.

Откако дозна дека е заболен, принцот се повлече седум дена во карантин во својата куќа во Балморал, а неговата сопруга Камила (72) се тестираше и не беше позитивна на коронавирусот.