Принцот Хари пред неколку месеци завршил на психијатриска клиника

727

Според пишувањата на магазинот „Globe“, принцот Хари бил примен на психијатриската клиника во Калифорнија поради посттрауматски стрес, познат како PTSD.

Принцот наводно доживеал и нервен слом како последица на смртта на мајка му, принцезата Дајана чија болка ја носи уште од 1997 година, кога таа настрада. И самиот во еден момент признал дека не сака на Меган да ѝ се случи тоа што се случи на неговата мајка. Но, тој несебичен чин дошол со последицата сега да го плаќа со престој во психијатриската клиника.

Сепак, како една од главните причини за нернвиот слом се наведува напуштањето на кралското семејство заедно со споругата Меган Маркл и синот Арчи.

Повозрасен член на кралското семејство кој сакал да остане анонимен, изјавил дека тоа што 35-годишниот принц се преселил во Лос Анџелес била голема промена за него, но дополнил и дека служењето 10 години во војска оставило дополнителни последици на менталното здравје на принцот.

„Хари речиси и да нема свои пријатели во Лос Анџелес. Сега тој се дружи со сите оние „А-ѕвезди“ кои и помогнаа на Меган да стане ѕвезда и да напредува во кариерата“, открил изворот и додал:

„Принцот ни самиот не може да верува што му се случува во животот откако ја послуша сопругата Меган. Таа го присили да го напушти семејството за да може да го следи нејзиниот сон, да стане холивудска ѕвезда, а тоа се претвори во неговиот најголем кошмар“.