Принцот Хари: Британскиот печат ми го уништи психичкото здравје

139

Принцот Хари, според своето кажување, се повлекол од кралските должности затоа што британскиот печат бил „штетен за него“ и му го уништувал психичкото здравје.

Хари се обиде да биде искрен во емисијата „Лејт лејт шоу“ на Џејмс Корден. Двоецот притоа се возеше во двокатен автоус без покрив низ Лос Анџелес, а Хари, меѓу другото, му одговори на популарниот водител зошто ги напуштил кралските должности…

 

– Не се оддалечив од нив… Но, треба да го заштитам своето семејство. Го направив она што секој сопруг и татко би го направил – морав да го однесам семејството подалеку оттаму, појасни Хари.

Натаму, принцот уште еднаш нагласи дека, во суштина, тој не се оддалечил од кралското семејство.

– И, што се однесува до мене, јас никогаш нема да си заминам!, истакна тој.

Хари проговори и за серијата „Круна“. Имено, нему му е драго што серијата ја прикажува историјата на неговото семејство, но „не како вести“, и дека би сакал, во идните епизоди, него да го глуми Дејмијан Луис.

За време на возењето, домаќинот и принцот пиеја попладневен чај, па Хари му призна на Корден и дека знаел оти Меган е „вистинската“, на нивниот втор состанок. Гостинот откри и дека кралицата на својот внук Арчи му купила калап за вафли за Божиќ.