Принцезата Дајана доби статуа во Кенсингтон парк. Статуата е откриена на денот на одбележувањето на 60-годишнината од раѓањето на принцезата која настрада во сообраќајна несреќа, а ја открија нејзините синови, принцот Вилијам и принцот Хари.

Статуата ја прикажува покојната принцеза Дајана со две деца во прегратка, едно момче и едно девојче. Но, веднаш по откривањето на статуата се појавија и бројни коментари во јавноста. Многумина сметаат дека ликот на статуата воопшто не потсетува на Лејди Ди!

Илјадници луѓе со часови чекаа пред палатата Кенсингтон за да ја видат стстуата и поголем дел од нив останаа зачудени од тоа како е претставена омилената принцеза.

Дури и новинарот на „Дејли мејл“ кој го следи кралското семејство, се пошегува дека „тоа повеќе е Шон Бин, а не Дајана“, мислејќи на познатиот актер познат по ликот на Нед Старк од серијата „Игра на тронови“.

Некои други пак, статуата на принцезата Дајана ја споредуваат со ликот на поранешната британска премиерка, Тереза Меј.

Вајарот што ја изработи статуата, Ијан Ренк-Бродли, за британските медиуми изјави дека сакал да ја прикаже принцезата во зрели години, за да дојде до израз нејзината „топлина, елеганција и енергија“.