Примислав Димовски: Бев истражител во СЈО- ако исплатите се незакоски, ќе ги вратам

237

Командантот на полициската единица Алфи, Примислав Димовски чие име се наоѓа на лисата на лица кои добивале надоместоци за ангажман во СЈО на својот Фејсбук профил напиша дека тоа е за неговиот ангажман како истражител и дека е подготвен да ги врати парите, доколку се утврди некаква незаконитост.

-Часови и часови напорно работев со обвинителите, работев на материјалите од разговорите, но и на терен… Жедно ја посакував правдата и вистината и јас, и можам слободно да кажам дека ангажманот како истражител во СЈО беше еден од моите најголеми предизвици и искуство во професионалната кариера. За мојата работа никогаш не зборував, апсолутно почитувајќи го начелото на доверливост на кое се обврзав, но ангажманот можеше да се претпостави поради моето често физичко присуство во СЈО сите
овие години.

Повикувам, доколку некој може да ја утврди вредноста на мојот вложен труд и работа на предметите, и времето поминато на ангажманот како истражител, и при тоа утврди дека тоа не е соодветно со средствата кои сум ги добивал за таа намена, јас сум подготвен да го вратам секој денар кој не сум го заработил, напиша Димовски на Фејсбук.