Приливот на странски инвестиции во Србија годинава 1,4 милијарди евра

51

Српската министерка за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ, денеска изјави дека во Србија оваа година приливот на странски инвестиции е 1,4 милијарди евра. Според неа, тоа е речиси 13 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.

– Чекаме нов инвестициски циклус, само во Електромрежа на Србија (ЕМС), најдобра компанија во енергетскиот сектор, вреден 770 милиони евра, што е дел од новиот пакет за инвестиции што ќе го почнеме оваа година. Усвоивме нови закони што се основа за инвестирање во нови капацитети, дистрибутивна мрежа и енергетска инфраструктура, без кои нема економски развој, изјави таа.

Министерката додаде дека поврзувањето со регионот е услов за развој и дека Трансбалканскиот коридор е еден од најважните коридори и неизбежна рута во енергетскиот сообраќај.