Приливот на странски директни инвестиции во Црна Гора помал за 15,6 отсто

41

Вкупниот прилив на странски директни инвестиции во Црна Гора во април изнесува 238 милиони евра, додека истовремено излегоа 117,8 милиони евра од земјата, покажуваат првичните податоци на Црногорската централна банка (ЦБЦГ).

Нето приливот на странски директни инвестиции, односно разликата меѓу нивниот прилив и одлив во април изнесува 120,2 милиони евра, што е за 33,5 проценти помалку отколку во истиот месец минатата година, јавија црногорските медиуми.

Вкупниот прилив на странски директни инвестиции се намали за 15,6 проценти во споредба со споредливиот месец минатата година, што е последица на падот на инвестициите во долгови, според Билтенот на централната банка.

Врз основа на инвестиции на црногорските граѓани во странство, од земјата излегоа 10,7 милиони евра, додека повлекувањето средства на нерезиденти кои инвестираа во Црна Гора изнесуваше 107,1 милиони евра.