Припепското јавно обвинителство поведе постапка против тренер по џудо на возраст од 46 години, кое се сомничи за сторено кривично дело – силување на малолетни спортистки кои воедно ги тренирал.

Овој немил настан се одвивал од април до ноември минатата година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови потреби, и со злоупотреба на својата положба извршил дејствија врз деца кои имале само 14 години.

  • Во врска со последните случувања поврзани со обвинувањата за злоставување малолетнички од тренер по џудо, згрозени сме од информациите во јавноста и очекуваме брзо разрешување на случајот. Веруваме дека истрагата целосно ќе го расветли случајот за што како Федерација сме целосно на располагање на истражните органи.
  • Посочениот тренер одамна не е член на федерацијата и уште минатата година беше дел од дисциплинска постапка поради злоупотреба на официјален документ испратен од Светската Џудо Федерација како и поради прекршување и непочитување на Статутот и други мерки и протоколи. Поради оваа дисциплинска постапка, одземена му е лиценцата за тренер по џудо и исфрлен е од Џудо федерацијата на Македонија, за што официјално беа известени сите надлежни институции вклучувајќи ја и Агенцијата за млади и спорт, се вели во соопштението на македонската џудо-федерација.

Против осомничениот е веднаш поднесена кривична постапка и се очекува во наредните неколку дена да излезе пред надлежниот јавен обвинител.