Прилепските комуналци почнаа „генералка“

41

Прилепското јавно комунално претпријатие „Комуналец“ од денеска почна со чистење на обиколницата, од „Жито Прилеп“ до излезот во населбата „Варош“.

Ова, како што велат од претпријатието, е генерално чистење по подолго време.

Според „Комуналец“, по локалниот пат се направени голем број диви депонии каде се исфрлени големи количества комунален и градежен отпад. Отпадот од дивите депонии се собира со градежни машини и се транспортира во депонијата „Алинци“.

По дислокацијата на дивите депонии, „Комуналците“ ќе продолжат со чистење трње и шипови, ќе собираат отпадоци и ќе ја косат сувата трева.

На овој дел од градот ќе се работи една недела.