EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Светската атлетска федерација (ИААФ)  потврди три светски рекорди поставени на овогодишното Светско првенство во Јуџин.

Потврдени се рекордите на нигериската атлетичарка Тоби Амусанс на 100 метри со пречки, Американката Синди Меклафлин на 400 со пречки и Швеѓанецот Арманд Дуплантис во скок со стап.

Во полуфиналната трка, Амусанс ја истрча делницата за 12,12 секунди и постави нов рекорд. Таа во финалето го освои златото со време од 12,06 секунди, но поради силниот ветер во грбот тој резултат не беше признат како нов светски рекорд. Американката Меклафлин го подобри сопствениот рекорд и сега изнесува 50,68 секунди. Дуплантис го собори и сопствениот рекорд за еден сантиметар, а новиот највисок скок сега е 6,21 метар.