Прием на поголем број деца во воспитните групи во градинките во Центар

132

На продолжението на 50. седница на Советот на Општина Центар, советниците расправаа и изгласаа 13 точки, а останатите ќе се разгледуваат на продолжението на истата кон крајот на месец август.

На седницата се усвоени полугодишни извештаи за 2020 година и реализација на програмите од секторските одделенија, со исклучок на програмата за култура; Предлог-заклучок за шестмесечниот извештај за работата на ПС „Центар” и Предлог-одлука за кварталниот извештај за работењето на ЈП ПОЦ и шестмесечниот извештај со детален финансиски извештај.

– На дневниот ред од 50. седница, предложив предлог-одлука за давање согласност за прием на поголем број деца во воспитните групи во однос на предвидениот проектиран капацитет во детските градинки во Општина Центар, која беше усвоена од страна на советниците и едногласно изгласана и донесена со 14 гласа за – информира градоначалникот Саша Богдановиќ.