Привремен режим на дел од булевар „М.Т. Гологанов“

769

Од денеска функционира привремен сообраќаен режим на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Паркот Македонија во општина Карпош, поради изведба на градежни работи за поставување на вреловод, ќе биде воведен привремен режим на сообраќај.

– Привремената измена на режимот на сообраќај ќе биде означена со посебна сигнализација, а ќе важи до завршување на градежните активности што ќе ги реализира Балкан Енерџи. Во септември, времена сообраќајна измена на режимот ќе има и на мал дел од улицата „Јуриј Гагарин“, каде што ќе се изведува прекоп за поврзување на вреловодната мрежа  – информираат од Град Скопје.