Приведен скопјанец кој му се заканувал на Заев на Фејсбук

111
Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против 49-годишниот М.С. од Скопје поради основи на сомневање за сторенo кривичнo делo „загрозување на сигурноста“, казниво по чл.144 од Кривичниот законик.

Вчера, по добиена пријава за објавени сериозни закани по живот по пат на информатички систем (на социјалната мрежа Фејсбук), насочени кон Претседателот на Владата на Македонија, Секторот за компјутерски криминал, по добиена судска наредба, изврши претрес  во домот на М.С., при кој се откриени и одземени предмети во врска со кривичното дело, а лицето е приведено. За случајот е известен дежурен јавен обвинител.