Приведен скопјанец баран со потерница 

14

Полициски службеници од Оперативниот тим за потраги при СВР Скопје вчера го лишија од слобода Ф.Е.(45) кој бил баран со потерница.

-На 19 мај во 15:30 часот на улица „Ташко Караџа“ во Скопје лишен е од слобода Ф.Е. од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 239 од Кривичниот законик, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштија дека лицето е предадено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.