Приведен прилепчанец баран со потерница 

24

Во прилепската населба Тризла, вчера полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле М.Е.(27) од Прилеп, кој бил баран со потерница.

Како што информираат од МВР, тој бил баран за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Куманово, и бил спроведен за издржување на казната.