Приведен претседателот на општина Улцињ поради партиски вработувања

47

Пет лица се приведени на сослушување, меѓу кои и претседателот на општината Улцињ, Љоро Нрекиќ, по налог на Основното државно обвинителство во градот, потврдиле извори за агенцијата Бета.

Нрекиќ бил приведен под сомнение за партиски вработувања.

Освен Нрекиќ, на сослушување се и Сеад Османовиќ, секретар на Секретаријатот за финансии на општина Улцињ, Мустафа Горана, секретар на Секретаријатот за комунални активности и заштита на животната средина, Саубих Мехмети, директор на Службата за заштита и спасување и Милазим Мустафа, секретар на комуналната полиција и поранешен претседател на Собранието на Општина Улцињ.

Во изјава од февруари минатата година, кога беа објавени информациите за партиски вработувања, Нрекиќ не негираше дека некои вработени биле членови на ДПС, но тој беше категоричен дека единствениот критериум за вработување била стручноста на поединците.

Во меѓувреме, црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ изјави дека Нрекиќ е уапсен и ја објави на Твитер веста објавена од подгорички „Вијести“.