Приведен гостиварец по распишана централна потерница

23

Полициските службеници од Гостивар вчера на улицата „Борче Јовановски“ го лишија од слобода гостиварецот Ј.Е. (30), за кого била распишана централна потерница.

Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, за Ј.Е. била распишана потерница по претходно издадена наредба од Казнено-поправната установа Затвор Куманово, со која се барал за доиздржување на казна затвор.

Лицето е спроведено во КПУ Затвор Куманово за доиздржување на казната.