Приведени две лица во Кочани, пронајдени хероин и пари кои потекнуваат од кражба

31

Полицијата соопшти дека ноќеска околу 01:10 часот во близина на манастирчето во Кочани од страна на полициски службеници од ОВР Кочани биле лишени од слобода Ш.М.(32) и малолетник, и двајцата од Кочани, бидејќи кај нив биле пронајдени и одземени хероин и пари кои потекнуват од извршено кривично дело „кражба“.

По насока на Јавен обвинител од ОЈО Кочани, по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 215 и 216 од Кривичниот законик, се посочува во соопштението.