Приведени двајца крадци, одземеното вратено на сопственикот

25

Во Скопје на ул.„Индира Ганди“ вчера во 17.00 часот полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари ги лишиле од слобода М.К.(20) и Д.К.(19), двајцата од Скопје.

Ккао што информираа денеска од МВР, тие се сомничат дека во периодот од 11.00 часот на 02.12.2022 до 09.00 часот на 03.12.2022 извршиле „тешка кражба“ во куќа на ул.„Нов живот“, сопственост на С.К., при што одзеле алати и градежни материјали.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.