Приведена жена во тетовско поради напад на сопругот

72

Во селото Копанчин Дол, тетовско, вчера од СВР Тетово била лишена од слобода А.Ј.(43), поради постоење основи на сомнение дека по вербална расправија, со остар предмет го нападнала нејзиниот сопруг.

Како што се наведува во соопштението на МВР, по целосно расчистување и документирање на случајот, против неа ќе следи соодветен поднесок.